мај 23, 2021

Работилница за прва психолошка поддршка


Notice: Undefined variable: sharify_buttons in /home/ckrm/public_html/wp-content/plugins/sharify/sharify.php on line 333

Во периодoт од 19-23 Maj 2021, Хрватскиот Црвен крст организираше работилница за прва психолошка поддршка во време на пандемија. На работилницата зема учество координаторот за психосоцијална помош и други претставници од Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Целта на работилницата е пренос на знаења за пружање на најсоодветна психолошка поддршка во КОВИД-19 пандемијата како и справување со последиците од истата, знаење адаптирано од пракса од останати хуманитарни ситуации како и искуства превземени од земјотресот во Хрватска.

< врати се назад