Работилница за развивање на Тим Македонија 19-21.02.2021 – Струга
Во рамките на проектот „Активности за одговор на КОВИД -19 во Република Северна Македонија“ поддржан од Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, во периодот од 19.02.2021 до 21.02.2021 година во х. Струга, се одржа работилница за развој на концептот за Тим Македонија при Црвениот крст на РСМ.
На работилницата учествуваа 11 учесници од Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје. Целта на работилницата е да се обучат вработени и волонтери за регрутирање и мобилизирање на лица кои се желни да помогнат пред и за време на катастрофа.
Тим Македонија е иницијатива на Црвениот крст на Република Северна Македонија со цел луѓето кои сакаат лично да се вклучат при одговор на катастрофи во нивното опкружување да можат контролирано, одмерено и интегрирано да се ангажираат како поддршка на тимовите за одговор при катастрофи на Црвениот крст на Република Северна Македонија врз основа на потребите, на личните вештини и подготвеноста да помогнат.