март 15, 2021

Работилница за развивање на Тим Македонија

Во рамките на проектот „Активности за одговор на КОВИД -19 во Република Северна Македонија“ поддржан од Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, во периодот од 12-14.03.2021 година во Струга, се одржа работилница за развој на концептот за Тим Македонија при Црвениот крст на РСМ.        

На работилницата учествуваа 9 учесници од Општинските организации на Црвен крст. Целта на работилницата е да се обучат вработени и волонтери за регрутирање и мобилизирање на лица кои се желни да помогнат пред и за време на катастрофа.

Тим Македонија е иницијатива на Црвениот крст на Република Северна Македонија со цел луѓето кои сакаат лично да се вклучат при одговор на катастрофи во нивното опкружување да можат контролирано, одмерено и интегрирано да се ангажираат како поддршка на тимовите за одговор при катастрофи на Црвениот крст на Република Северна Македонија врз основа на потребите, на личните вештини и подготвеноста да помогнат.

< врати се назад