Red Cross Shape
Работилница за заштита и самозаштита во случај на катастрофи

2013-11-04

Работилница за заштита и самозаштита во случај на катастрофи

DSC_0058Во рамките на проектот „Активности за намалување на ризици од катастрофи“  кој што е финансиски поддржан од Турската полумесечина,  на 30.10.2013 се одржа работилница за заштита и самозаштита во случај на катастрофи во валандовскиот регион. Работилницата се одржа во основното општинско училиште Нам`к Кемал во селото Чалакли. На истото покрај персоналот, односно наставниците и техничкиот персонал од училиштето, присуствуваа и претставници на останатите училишта опфатени во валандовскиот регион и тоа, ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово, ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово односно подрачните училишта во селата Дедели и Калково.

Сесијата за заштита и самозаштита во случај на катастрофи, беше одржана од страна на координаторот на програмот за подготвеност и дејствување при катастрофи. Учесниците имаа можност да се запознаат со општите карактеристики на катастрофите (природните и предизвикани од човекот), како и кои активности треба да се превземат пред, за време и по настанувањето на катастрофата.  Подоцна во рамките на сесијата, учесниците имаа можност да го покажат стекнатото знаење преку практична вежба во која врз основа на предадената материја наоѓаа решенија за одредени ситуации кои може да се случат.

Дополнително, на учесниците им беше презентирана методологија од областа на промоцијата на хигиената со пропратни материјали, кои што подоцна од нивна страна ќе бидат презентирани на учесниците.

Работилницата беше завршена од страна на секретарот на ООЦК Валандово кој ги презентираше конкретните елаборати и планови за евакуација, односно кој конкретни мерки да се превземат и по кој редослед. Во елаборатите се содржат и информации за тоа на кои ризици од катастрофи е подложен регионот, така што и предвидените начини на евакуации се во согласност со истите.   Исто така од негова страна се дадоа насоки за изработка на сценарио на симулациска вежба, каде што учениците и персоналот ќе се евакуираат согласно подготвениот план.

Со имплементирањето на овој проект, директно се влијае на намалувањето на ризици од катастрофи во валандовскиот регион.

Други вести

Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија
Претставници на ЦКРСМ учествуваа на обука за анализа на ризик и сценарио во Сараево
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom