април 15, 2024

Работилница со координатори на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија

Во периодот 12-14 април се одржа работилница со кородинатори на млади од општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје се со цел за унапреден систем на локално младинско работење. Работилницата е придвидена за унифицирање и надградба на постојното младинско работење на локално ниво во рамките на годишната програма за млади на Црвениот крст на Република Северна Македонија. За време на работилницата се опфатија следниве теми: нормативната рамка која го покрива младинското работење; пристапи во координацијата на работата на младите; улога на младите во рамки на Црвен крст на РСМ; управување со клубовите на млади; заштита и безбедност на младите во Црвениот крст и други прашања поврзани со младинското работење во нашето национално друштво.

#ЦКМлади #КоординаторинаМлади #КлубнаМлади

< врати се назад