Работилница за зајакнување на локалните капацитети за ефективна подготвеност одговор и здравствена грижа при итни состојби за Југоисточна Европа
Во периодот од 16 до 17 март 2023 година во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа работилница за зајакнување на локалните капацитети за ефективна подготвеност, одговор и здравствена грижа при итни состојби за Југоисточна Европа. Работилницата се реализираше во рамките на проектот ‘‘Здравствена грижа во итни состојби,, финансиран од УСАИД и подржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
На работилницата учествуваа претставници од Црвениот крст на РСМ, Црвен крст Србија, Црвен крст Црна Гора, Црвен крст Албанија и Црвен крст Босна и Херцеговина.
Главна цел на работилницата беше да се зајакнат капацитети на националните друштва во следниве области: подготвеност за здравствена грижа во итни состојби, ментално здравје и ПСП во итни состојби, комуникација на ризик и вклученост на заедниците во итни состојби, планирање, мониторинг, евалуација и известување.