Red Cross Shape
Работна средба со Амбасадорот на Израел за Република Македонија

2016-09-20

Работна средба со Амбасадорот на Израел за Република Македонија

На 19 септември 2016 година во просториите на Црвениот крст на Република Македонија во посета беше амбасадорот на Израел Дан Ориан, амбасадор на Државата Израел во Република Македонија. Високиот гостин беше примен од страна на претседателот на Црвен крст д-р Милчо Трајков и генералниот секретар д-р Саит Саити. За време на средбата беше презентирана накратко работата на Црвениот крст на Република Македонија  и беа дискутирани можности за воспоставување на соработка со Маген Давид Адом на Израел како и имплементација на заеднички активности, посебно помеѓу младите луѓе во насока на унапредување на мирот и толеранцијата и хуманите вредности кај младите. Амбасадорот Дан Ориан посебна благодарност истакна за реализираната соработка со Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Битола при реализацијата на проектот за обновување на Еврејските гробишта во Битола.

Други вести

Академија на млади на ЦКРСМ – од идеи до иницијативи!
„СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“ – ЦРВЕНИОТ КРСТ ЈА ОДБЕЛЕЖУВА НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА
НЕ МОРА СÈ ДА НОСИТЕ САМИ – ЦРВЕНИОТ КРСТ ВОВЕДУВА НОВА УСЛУГА ЗА ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom