Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работна средба на Раководниот одбор на Црвен крст на РМ и Националниот совет на Бугарски Црвен крст

2019-04-15

Работна средба на Раководниот одбор на Црвен крст на РМ и Националниот совет на Бугарски Црвен крст

Во период од 12-14.04.2019 година во посета на Бугарски Црвен крст беше делегација од Црвен крст на Република Македонија во состав: Проф. Д-р Ромел Велев – Претседател на Црвен крст на Република Македонија, д-р Саит Саити – Генерален секретар на Црвен крст на Република Македонија, членови од Раководниот одбор на Црвен крст на Република Македонија и претставници од стручна служба.

Делегацијата од ЦКРМ беше пречекана во Централната канцеларија на Бугарски Црвен крст каде добредојде им посака Академик д-р Христо Григоров – Претседател на Бугарски Црвен крст, каде се одржа заедничка работна сесија на претставници на Раководниот одбор на Црвениот крст на Република Македонија и Националниот совет на Бугарски Црвен крст. На работна средба беа презентирани активностите, досегашните постигнувања и се разменија досегашните искуства и практики во работењето како и заеднички активности по одделни области на двете национални друштва. На самата средба се потпиша меморандум за соработка помеѓу Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Битола и регионална организација на Бугарски Црвен крст Шумен и Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кавадарци и регионална организација на Бугарски Црвен крст Јамбол.

На 13.04.2019 година нашата делегацијата својата посета ја продолжи во Центарот за логистика и обука – Лозен.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025