Работна средба со ориентери на Црвен крст на Република Северна Македонија
На 02.07.2021 година, во централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија се одржа состанок со ново оспособените ориентери на Црвен крст на РСМ од општинските организации на Црвен крст/ЦКГ Скопје. На работната средба беа доделени сертификати за завршена обука, легитимации, маички и прирачници за ориентерите. Новите ориентери добија дополнителни насоки околу претстојни активности за имплементација на акциските планови.
Работата на ориентерите на националното друштво има за цел да помогне во имплементација на акциските планови за спроведување активности на општинските организации на Црвен крст/ЦКГ Скопје пред се во однос на мобилизирање на нови волонтери и членови на локално ниво согласно со програмата за работа на секоја организација и потребите од човечки ресурси за имплементација на предвидените активности во локалните заедници.