Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Работна средба со претседатели на ООЦК/ЦКГС

2022-11-07

Работна средба со претседатели на ООЦК/ЦКГС

Во периодот 04-06.11.2022 година во Центарот „Солферино“ во Струга, се одржува работен состанок со Претседатели на Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.

Средбата претставуваше можност на Претседателите да се сретнат и да дискутираат за тековното работење и актуелните предизвици на организацијата.

На состанокот беа претставени стратешките приоритети на Црвениот крст на РСМ 2030, брендот на организацијата и видливоста, раководење и управување, одговорности во финансиското работење и носењето на одлуки, социјални услуги во националното друштво, актуелности во младинското работење и алатки за проценка, следење и евалуација на работењето.