мај 4, 2023

Работна средба со секретарите на ООЦК/ЦКГС

На 04.05.2023 година се одржа работен состанок на Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ со секретари од Општинските организации на Црвен крст (ООЦК) и Црвен крст на град Скопје (ЦКГС).

За време на состанокот се дискутираа актуелни предизвици и состојби во рамки на делување на Црвениот крст на РСМ. Опфатени беа: процесот на спроведување на проценка на организациски капацитети на Општински организации на Црвен крст по „БОКА“модел на МФЦК, мониторинг и евалуација на ООЦК/ЦКГС, новиот концепт на фондот за развој и проекти за 2024 година, проекти за млади и развој на младинска структура, истражување на јавно мислење за работата на Црвен крст на РСМ, активности во рамки на кампањата по прва помош- Првата помош спасува живот и други теми.

< врати се назад