октомври 18, 2022

РАБОТНА СРЕДБА СО ЗАСЕГАНТИ СТРАНИ

Во рамките на  Регионален проект “X-Stock- Зајакнување на прекугранична подготвеност преку заедничко менаџирање на стокови резерви за итни состојби во Југоисточна Европа” на 18.10.2022 година, во Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи на ЦКРСМ –Момин поток се одржа работна средба со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Министерство за надворешни работи, Министерство за труд и социјална работа.

Проектот е финансиран од Генерален директорат за европска цивилна заштита и хуманитарни активности на Европската комисија (DG ECHO), Австриската агенција за развој и Црвениот крст на Австрија. Покрај Црвен крст на РСМ во проектот се вклучени национални друштва на ЦК, Австрија како лидер на проектот,  Србија, Хрватска, Бугарија,  Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како и претставник на ДЗС на РСМ,  Управа за управување со вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.

На работниот состанок,  воведен збор имаше Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити, кој ги поздрави присутните  и ја најави целта на средбата за претставување и користење на софтверската апликација која е во фаза на финализирање, за регионално управување со залихите во случај на катастрофа, преку која ќе се обезбеди брз проток на комуникација и олеснување на соработката помеѓу националните друштва на Црвен крст и државните институции во итни ситуации.

< врати се назад