Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работна средба во Армијата на Република Северна Македонија

2019-06-25

Работна средба во Армијата на Република Северна Македонија

На 24.06.2019 година делегација на Црвениот крст на Република Македонија, предводена од генералниот секретар д-р Саит Саити имаше работна средба со генерал мајор Васко Ѓурчиновски,  началник на генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Цел на посетата беше дискусија на соработката на Црвениот крст на Република Македонија и Армијата на Република Северна Македонија особено промовирање на меѓународното хуманитарно право и активностите кои ги имплементира Црвениот крст во оваа сфера преку клубот на дисеминатори на ЦКРМ за промоција на МХП во Република Северна Македонија.

Во разговорите исто така беа спомнати и други активности кои ги реализираат Црвениот крст и АРСМ во изминатите години (дисеминација, крводарителство, прва помош и активности при вонредни состојби) и можностите за унапредување на соработката во претстојниот период.

Двете институции истакнаа дека постои можност за уште подобра соработка во блиска иднина и одржување на работна средба со Министерството за Одбрана  со цел уште повеќе да се прецизира соработката во претстојниот период.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025