- Организација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДруго

2017-01-09
Ранливи групи на население за време на студен бран
Ранливи групи на население кои се изложени на зголемен ризик за можни здравствени последици се:
- Стари лица – постарите лица имаат поголем ризик да се здобијат со последици врз нивното здравје како резултат на ниските надворешни температури поради нивниот побавен метаболизам во споредба со помладите како и нивната подвижност која е намалена. Особено под ризик се старите лица кои живеат сами, кои се неподвижни, неадекватно се исхрануваат, примаат лекарства кои допринесуваат за отежната терморегулација.
- Новороденчиња и деца – Новороденчињата се под зголемен ризик од ектремно ниските температури и можат да развијат хипотермија многу побрзо како резултат на малата големина на нивното тело (имаат различен сооднос на површински дел од телото и маса отколку возрасните) и поголемата загуба на топлина, како и помалата способност за продукција на топлина. Децата имаат помала мускулна маса и кај нив може да настане намалување на телесната температура многу побргу отколку кај возрасните при услови на иста надворешна температура. Респираторниот систем кај децата е повеќе осетлив на влијанието на надворешните температури и кај нив се почести заболувањата на респираторниот систем. Децата кои имаат и придружни заболувања како астма се под зголемен ризик за настанување на последици од ладното време.
- Социјално загрозени лица – социјално загрозени лица-кои неможат да си дозволат адекватно затоплување на нивните домови (околу 75% од овие лица се најчесто лица кои живеат сами, без никого) или лица кои се прeкумерно изложени на ниски надворешни температури како бездомниците, или лицата кои живеат во неадекватни живеалишта без изолација и затоплување, сиромашни лица.
- Работници кои работат на отворено – работници со одредени професии чија работа е во надворешни средини пример градежништво, шумарство итн. се под зголемен ризик од здобивање на здравствени последици како резултат на екстремно ниски температури.
- Лица со хронични заболувања или лица кои употребуваат одредени медикаменти или прекумерна количина на алкохол – медицинските состојби кои можат да предизвикаат хипотермија се ендокрините заболувања како на пример хипотиреоидизам, хипопитуиризам, хипоадренализам, некои повреди на главата, дијабетот (посебно кога има и хипогликемија). Лицата кои имаат физичка попреченост од било која причина (скршеници или телесна попреченост во нивниот развој) поради намалената подвижност се исто така под зголемен ризик за здравствени последици. Употребата на некои лекарства како на пример барбитурати или фенотијазиди итн., кои доведуваат до отежната терморегулација.
- Лица со кардиоваскуларни заболувања – ладното време го зголемува крвниот притисок-зголемениот крвен притисок го зголемува ризикот за појава на срцеви и мозочни удари
- Лица со респираторни заболувања – ладното време ја намалува резистентноста кон респираторни инфекции, ја намалува функцијата на белите дробови и може да ја активира бронхијалната констрикција кај астмата.
Други вести
Симулациска вежба Хуманитарен одговор 2023
Користење на Дрон во спасителна акција
Тренинг за спасување од поплави, Тренинг центар Солферино, Струга 28.05.2017 – 01.06.2017


Мултимедиа
ПРИНЦИПИ
ХУМАНОСТ
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
ЕДИНСТВО
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
УНИВЕРЗАЛНОСТ
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
ДОБРОВОЛНОСТ
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
НЕУТРАЛНОСТ
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
НЕПРИСТРАНОСТ
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
НЕЗАВИСНОСТ
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2026

























