Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Реализирана Работилница во Голема група во рамки на проектот за Изработка на локален акционен и стратешки план за подобрување на контролата на туберкулоза во општина Валандово

2014-10-06

Реализирана Работилница во Голема група во рамки на проектот за Изработка на локален акционен и стратешки план за подобрување на контролата на туберкулоза во општина Валандово

На 03-ти октомври 2014 година во Валандово беше реализирана Работилница во голема група за Изработка на локален акционен и стратешки план за подобрување на контролата на туберкулоза во општина Валандово финансиран од Министерството за здравство со грант за туберкулоза од Глобалниот Фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

Проекотот користејќи ја методологијата на Заеднички развој на заедниците (методологија на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина) има за цел да ги утврди приоритетите и проблемите во однос на туберкулозата на локално ниво и креирање на издржливи и ефикасни активности кои ќе допринесат за рано откривање на туберкулозата, поголем успех во излекувањето и подигнување на јавната свест за ова заболување, а истите ќе влезат во рамки на локалниот акционен план на општина Валандово.

На работилницата присуствуваа претставници од Црвениот крст на Р.Македонија,општинската организација на Црвениот крст на Валандово, претставник од локалната самоуправа на Валандово, социјални и здравствени претставници, претставници од образовниот сектор. Работилницата имаше за цел запознавање на присутните со резултатите добиени од теренското истражување кое беше реализирано во текот на проектот и имаше за цел отсликување на моменталната состојба, степенот на информираност на населението, утврдување на потребите и проблемите во однос на туберкулозата. Планот се очекува да биде подготвен во текот на месец октомври и поднесен до локалната самоуправа за негово одобрување.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025