март 19, 2014

Реализирана работилница за едукација на едукатори за туберкулоза во рамки на проектот ДОТС интервенции во Република Македонија подржан од Глобалниот Фонд

ckrm19Во периодот од 12 – 14  март 2014 година, во едукативниот центар за кадри „Солферино“  во Струга беше реализирана работилница за обука на едукатори за туберкулоза во рамки на проектот ДОТС интервенции во Р. Македонија финансиски подржан со грант за туберкулоза од Глобалниот Фонд за СИДА, туберкулоза и маларија. Црвениот крст на Република Македонија (ЦКРМ) овој проект го спроведува изминатите неколку години со цел да допринесе во одржување на контролата на туберкулоза во нашата земја.

Целта на работилницата беше учесниците, претставници од општинските организации на Црвениот крст Валандово, Кичево, Струга и Кавадарци  да добијат стручни познавања во однос на туберкулозата, да се запознаат, да ги подобрат своите комуникациски вештини, работата во тимот, личната подготовка, како и подобрување на самодовербата  за комуникацијата со различни групи на лица. Исто така преку обука и методологија да стекнат вештини за презентирање на здравствените совети и препораки, како и  начинот на известување за реализираните активности во рамки на проектот за кои ќе бидат задолжени во идниот период. Работилницата беше реализирана во соработка со Институтот за туберкулоза и белодробни заболувања, чиј претставник д-р Маја Закова беше задолжена за запознавање и пренесување на информациите на учесниците во однос на стручниот дел на туберкулозата, додека за останатите теми се погрижија проф. д-р Сунчица Димитријоска од Институт за социјална работа и социјална политика. Обучените едукатори во наредниот период со подршка на стручните лица од ЦКРМ ќе бидат задолжени за реализација на  активности на превенција од туберкулозата кај ризични групи на население во рамки на своите општински организации.

< врати се назад