Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Реализирана работилница за минимален пакет услуги за репродуктивно здравје во услови на хуманитарни кризи и катастрофи

2014-01-31

Реализирана работилница за минимален пакет услуги за репродуктивно здравје во услови на хуманитарни кризи и катастрофи

1Во периодот од 22-24.01.2014 во Охрид, во организација на Фондот за популација на Обединетите нации (UNFPA) се одржа работилница за минимален пакет услуги за репродуктивно здравје во услови на хуманитарни кризи и катастрофи. На работилницата покрај претставникот од Црвениот крст на Република Македонија, присуствуваа и претставници од другите државни институции кои се дел од работната група за изработка на документот и тоа, Министерството за Здравство, Институтот за јавно здравје,Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и невладината организација ХЕРА. Целта на работилница беше детално да се анализира и пополни „Алатката за проценка на подготвеноста на земјите да обезбедат минимален пакет услуги за репродуктивно здравје во услови на хуманитарни кризи и катастрофи“, и врз основа на истата да се подготви акционен план, со кој би се постигнала главната цел. Имено, целта на алатката е да се утврди состојбата на ова поле во нашата држава, и врз основа на истата да се превземат конкретни активности кои ќе резултираат со инкорпорирање  на ова поглавје во веќе постоечкиот План за подготовка и одговор на здравствениот систем при вонредни/кризни состојби во Република Македонија, на Министерството за здравство. Во иднина предвидени се уште неколку работни состаноци, на кои ќе се дефинираат дел од активностите кои произлегоа од изработениот акционен план.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025