Реализирана симулациона вежба и промовирање на апликацијата за прва помош за мобилни телефони
Црвениот крст на Р.М на 20.04.2015 година како партнер на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, заедно со Министерството за здравство, ЈЗУ Здравствен дом Скопје-служба за итна медицинска помош, Министерството за внатрешни работи во рамки на кампањата за зголемување на Безбедноста на сообраќајот на патиштата со свои волонтери и шминкери учествуваше во организирање и реализација на симулациона вежба Сообраќајна незгода со повреден пешак.
Истовременно во рамки на оваа кампања, Црвениот крст на Р.Македонија, ја промовираше и апликацијата за прва помош за мобилни телефони (IOS i Android оперативни системи) која е лесна за употреба, бесплатна и достапна за секој граѓанин.
Апликацијата содржи едноставни чекор по чекор инструкции за укажување на прва помош при различни несреќи и повреди
Интегриран со бројот 194 за Итна медицинска помош
Видеа и анимации кои допринесуваат да учењето за давање на прва помош биде забавно и лесно
Интерактивни квизови за тестирање на наученото знаење
Содржината на истите е во согласност со препораките на Европскиот центар за ресуситација и Американската асоцијација за прва помош
Сепак мора да нагласиме дека и нај добрата апликација неможе да ја замени обуката и стекнувањето на практични вештини за давање прва помош особено како оваа која е од суштинско значение за да во клучниот момент се спаси еден живот!
Техничка подршка од страна на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и Американски Црвен крст, како и стручна подршка од страна на Т мобиле Македонија.