октомври 30, 2013

Реализирана симулациска вежба за евакуација на училиште

Во рамките на проектот Активности за намалување на ризици од катастрофи, кој е финансиски поддржан од Турската полумесечина се одржа симулациска вежба за евакуација на училиште. Реализацијата на вежбата е логична последица на претходно имплементираните проектни  активности во валандовскиот регион, и претставуваше можност за практично имплементирање на стекнатото знаење на професорите и учениците и истата се реализираше во СОУ Нам`к Ќемал, во селото Чалакли.

Покрај Црвениот крст на Република Македонија, односно општинската организација на Црвениот крст Валандово, учество на вежбата земаа и тимови на ТППЕ Валандово, Итната медицинска помош, МВР, и регионалните центри на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Симулациската вежба во која се симулираше земјотрес, се одвиваше според сценариото и истата беше спроведена со висока оцена на координираност и навременост.

Со имплементирањето на проектот Активности за намалување на ризици од катастрофи, Црвениот крст на Република Македонија, преку општинската организација на Црвен крст Валандово значително придонесе кон зајакнување на локалните капацитети за намалување на ризици од катастрофи.

< врати се назад