- Организација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДруго

2016-07-13
Реализирани 3 работилници за унапредување на социјалните вештини
Проектот е финансиран
од Европската Унија
Црвениот крст на РМ, Црвениот крст на град Скопје и Занаетчиска комора на град Скопје, во рамки на проектот “Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на трудот“ по завршениот избор на 40те корисници на проектот и заедничката средба, организираа и 3 работилници за унапредување на нивните социјални вештини.
Работилниците беа организирани во 6 дена. На почетокот корисниците беа поделени во три помали групи, со цел постепено да се адаптираат и да се создаде простор за нивно меѓусебно запознавање и интегрирање. Првите три дена од работилниците беа организирани во вид на искуствени вежби кои што опфаќаа теми за самодоверба и себе-почитување. Втората половина од работилниците, корисниците беа поделени во две групи каде покрај вежбите беше презентиран и теоретски дел. Беа опфатени теми за комуникација, лична одговорност, тимска работа и мотивација. Целта на овие работилници беше унапредување на социјалните вештини на корисниците на кои пред се им беше даден простор за да ги изразат индивидуалните проблеми и да бидат сослушани, со што ќе им се зајакне чувството на вредност и прифатеност. Беа презентирани ефективни комуникациски стратегии кои ќе им овозможат на корисниците подобро функционирањe како во семејната така и во пошироката социјална средина. Исто така, акцент се стави на редефенирање на чувството на сопствена одговорност, техники за само-мотивирање и модели на тимска работа. На работилниците присуствуваа вкупно 35 корисници.
Овој проект се реализира во партнерство со Занаетчиска комора на град Скопје и е финансиран од Европската Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).