април 3, 2023

Реализирани психо-едукативни работилници за психо-социјална поддршка и прва психолошка помош

Црвениот крст на Република Северна Македонија во текот на месец Март 2023, спроведе 27 психо-едукативни работилници за Прва Психолошка Помош и Психо-социјална Поддршка со стручните служби и волонтерите од различни програми на Црвениот крст.

Работилниците беа спроведени од страна на Црвен крст на град Скопје и 9 Општински организации на Црвен крст Струга, Охрид, Велес, Струмица, Куманово, Кочани, Прилеп, Битола и Гостивар. Едукативните работилници се во согласност со прирачникот и насоките за ПСП и ППП на Меѓународната Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Фасилитатори на овие работилници беа вработени и волонтери кои претходно поминаа тренинг за прва психолошка помош и психо-социјална поддршка во кризни и итни ситуации во рамки на проектот Конекс Балкан, поддржан од Австриски Црвен крст и Австриска Агенција за развој.  Со оваа активност на национално ниво беа опфатени вкупно 515 учесници (вработени и волонтери).

Благодарност до вклучените колеги и волонтери во активностите за унапредување на менталното здравје и споделување на знаењата од областа на првата психолошка помош, психо-социјална поддршка, резилиентност и прегорување кај вработени и волонтери, како и стрес и справување.  Активностите ги координираше Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвениот крст.

< врати се назад