април 27, 2021
Редовна дисеминација за службата
На 27 април се оддржа дисеминациска сесија на која присуствуваа нови вработени, колеги во редовите на нашата организација. Целта на едукацијата е добивање на информации за историјатот и потеклото на организацијата, употреба и злоупотреба на амблемот, објаснување на принципите, Женевските конвенции, организациона поставеност и аспектите на работењето на Црвениот крст во целата држава. Вториот дел од сесијата беше со акцент на правила кои треба да бидат почитувани во сообраќајот, на социјалните мрежи и секогаш кога се носи знакот на Црвениот крст. Обуката претставува дисеминациски пакети за секој нов вработен, волонтер или пак практикант во организацијата и се реализираа по потреба.