Регионален состанок на мрежата на воспоставување на семејни врски
На 6 и 7 декември 2022 година во Белград, Р. Србија се одржа регионален состанок на Службата за барање – Воспоставување на семејни врски во организација на регионалната делегација на Меѓународниот комитет на Црвен крст ( МКЦК) во Белград. Учесници на состанокот беа ВСВ координатори и претставници од Црвен крст на Северна Македонија, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Чешка, како и претставници од делегациите на МКЦК во Белград, БиХ, Косово и Меѓународната Федерација на друштавата на Црвен крст и Црвена полумесечина.
На состаноците се дискутираат повеќе теми и актуелни прашања, почнувајќи од меѓусебно информирање и запознавање со последните состојби во земјите на претставниците поврзани со миграциите и ВСВ потребите и услугите, до активностите поврзани со вооружениот конфликт во Украина, заштита на лични податоци, ВСВ алатки и платформа за комуникација, форензика, како и пренесување на искуствата на делегати и членови на работни групи во рамки на мрежата.