Регионален состанок за развој на Националните друштва на Црвен крст
Во периодот 26-29.11.2023 година во Сараево, Босна и Херцеговина се одржа регионален состанок за развој на кластерот на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина за Југоисточна Европа. На регионалниот состанок стручни соработници од националните друштва од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Северна Македнија, Хрватска и Црна Гора разменуваа добри практики и искуства и дискутираа за активностите и предизвиците во развојот на Националните друштва.
Со фасилитација на претставници на МФЦК, се разгледуваа сегашните и идните активности во делот на развојот, политиките на МФЦК кои се дирекно поврзани со оваа тематика, можностите за финансиска поддршка, платформи за учење и комуникација како и индивидуално вмрежување на лицата кои работат на полето на развој.
Од Црвениот крст на РСМ претставени беа „Развојната рамка на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Трансформација-28“, искуствата во имплементацијата на политиките за заштита на интегритет, искуствата во спроведување на моделот на МФЦК за проценка на организациски капацитети на општинските организации и програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности како алатка за регрутирање и задржување на волонтери. Споделените искуства предизвикаа голем интерес кај партнерските национални друштва за идни билатерални и регионални иницијативи за соработка.