РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МАГАЦИНОТ ВО МОМИН ПОТОК
На 03.02.2016 година во 11:00 часот беше поставен камен темелник на магацинот на Црвениот крст на Република Македонија во Момин Поток 2 од страна на претседателот г-дин Милчо Трајков и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија г-дин Саит Саити.
Целта на оваа реконструкција е зајакнување и унапредување на капацитетите за логистичка поддршка на националното друштво, како и придонес кон функционално единство, унифициран дизајн, видливост и препознатливост во земјата, но и пошироко.
Изведувачи на градежните работи се Дугојон Инженеринг Скопје и Кен-Мс Скопје, објектот е планирано да се изгради за три месеци со површина од 400 метри квадратни, со поддршка на Германски Црвен крст, Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, УНХЦР и Прокредит банка А.Д.