Red Cross Shape
СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

2015-12-24

СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Собранието на Црвен крст на Република Македонија за мандатниот период 2012-2016 година, на 24 декември 2015 година во Домот на хуманитарни организации *Даре Џамбаз*, Скопје ја одржа осмата и последна седница за тековната година.

Годината која изминува е исполнета со одбележување на значајни јубилеји, настани датуми и активности. Во текот на седницата прикажани се кратки филмови за дел од значајните активности кои ја одбележаа годината.

Во холот на Домот Даре Џамбаз е поставена изложба за дел на клучни активности по повод 20 години од меѓународното признавање на Организацијата.

Во својот работен дел меѓу другото, Собранието расправаше за Програмата за работа и Буџетот на Црвениот крст на Република Македонија за 2016 година.

Генералниот секретар д-р Саит Саити се осврна на настаните кои ја карактеризираа 2015 година и ги презентираше овие документи како и идните насоки и приоритети кон кои ќе се движи Организацијата, преку интервјуто водено со новинарката Биљана Дебарлиева.

Од страна на присутните на седницата беа поставени прашања за идните активности на планот на волонтерското ангажирање, проектното работење и соработката со корпоративниот сектор како и за најактуените состојби со мигрантската криза.

Собранието едногласно ги донесе Програмата за работа на Црвениот крст на РМ за 2016, Буџетот на Црвен крст на РМ за 2016, Одлуката за извршување на Буџетот на Црвениот крст на РМ за 2016 година, Одлуката за овластување на Извршниот одбор на Црвениот крст на РМ да изврши ребаланс на Буџетот на Црвениот крст на РМ за 2016 година и Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Црвениот крст на Република Македонија.

На крај, Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија др.Милчо Трајков на членовите на Собранието им се заблагодари за нивниот придонес и им ги честита претстојните Новогодишни и Божиќни празници.

 32

Други вести

Светски ден на хуманитарноста
Препораки за топлотните бранови
12 август 1949 – Усвојување на четирите Женевски конвенции

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom