септември 7, 2015

СЕМИНАР ЗА ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИ МОТИВАТОРИ ЗА КРВОДАРИТЕЛСТВО СО КЛУБОВИ 25

Oд 04-06 септември 2015 година во х.Солферино,Струга се одржа семинар за едукација на млади мотиватори за крводарителство со клубови 25 На семинарот учествуваа 34 учесници – млади мотиватори од ГОЦК Скопје (членови на Клуб 25), ООЦК Битола и Охрид, млади од Црвен крст на Албанија и и Црвен крст Нови Сад од Република Србија. Учесниците на семинарот покажаа голема мотивираност за работа и активно учество на работилниците, интерес за презентираните теми, активно споделување на искуства, знаења и вештини, голема креативност и посветеност на тимската работа. Во групата се разви позитивна и работна атмосфера која резултираше со успешна работа и усвојување на нови знаења – што е предуслов за нивна идна добра активност како мотиватори за доброволно крводарителство. Посебна придобивка на семинарот беше можноста за размена на искуства со претствниците од Албанија и Србија и градење на пријателства меѓу учесниците – како можност за идна заедничка соработка на полето на доброволното крводарителство. Содржините и работилниците на семинарот овозможија сите учесници активно да се вклучат во работата, можност да го искажат своето мислење и да го споделат искуството, можност да научат како се подготвуваат стратешки документи и кампањи за мотивација на млади, како да ги искажат своите презентерски вештини, подготовка на ТВ прилог, ПР текст и стекнување на знаења за користење на социјални мрежи. Семинарот беше можност да се добијат нови информации и да се научат нови содржини за крводарителство, претставување на учесниците пред камера, да се информираат за активностите на Клуб 25 и пренесување на позитивни искуства, начините на планирање, организирање и изведување на крводарителски акции, мотивирачки и демотивирачки фактори за крводарување кај младата популација, тимска работа и др. Семинарот беше можност за размена на искуства како меѓу учесниците од Република Македонија, така и со учесниците од другите држави Албанија и Србија. Преку промовирање на работата на Клубот 25 од Скопје, учесниците од ООЦК Битола и Охрид изразија подготвеност за превземање на конкретни активности за формирање на КЛУБ 25 во нивните општини. Голема благодарност до екипата на Македонската радио телевизија која беше присутна за време на семинарот и ќе подготви емисија која ќе биде емитувана на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија. Untitled-2

< врати се назад