Семинар за крводарителство со студенти на тема ,,Кампања и техники за социјални медиуми,,
Во периодот од 03 – 05.12.2021 година во Струга –Хотел,,Солферино,, се одржа семинар за крводарителство со студенти на тема:,,Кампања и техники за социјални медиуми,,. На семинарот учествува 23 учесници од студентската популација, претставници од општински организации на Црвен крст од Скопје (Центар, Карпош и Гази Баба), Тетово, Штип и Битола.
Преку содржините за комуникација и кампањи и социјални медиуми учесниците се запознаа со важноста на комуникацијата воопшто, начините на комуникација во градењето на односи со идните крводарители, можностите на социјалните медиуми за планирање, организирање на кампањи и информирање за истите.
Содржините на обуката беа презентирани преку кратки презентации, филмови, видео спотови, а учесниците имаа можност за активно учество преку искажување на своето мислење низ бура на идеи, дискусии, работа во парови, работа во групи – каде ги практикуваа содржините кои беа презентирани.
Низ работата во групи учесниците креираа три кампањи и подготвија соопштенија за социјалните медиуми, а низ процесот на евалуација споделија свои мислења, впечатоци и сугестии за работата и за унапредување на крводарителството.