мај 15, 2018

Симулациона вежба со Македонски Телеком

Црвениот крст на Република Македонија на барање на организаторот, компанијата Македонски Телеком  во соработка со Противпожарната единица на Град Скопје, Итната медицинска помош при Здравен Дом Скопје, и Министерството за внатрешни работи учествуваше во организирање, подготовка  и целосна реализација на симулациона вежба евакуација во случај на пожар.

Вежбата се одвиваше во објект на Македонски Телеком, поточно во ТК центарот кој се наоѓа во централното подрачје на град Скопје. Главната цел на беше тестирање на предвитедните планови за евакуација во случај на пожар, стекнување искуства и вештини на вработените, но и превенција и намалување на ризик со правилно и навремено реагирање на вработените при пожар или друга непогода. Црвениот крст на Р Македонија учествуваше со целокупната своја логистика но и со свои манекени кои глумеа повредени  и истите беа нашминкани  со цел пореалистично прикажување на вежбата.

За време на вежбата за евакуација, вработените ги следеа генералните инструкции прикажани во Плановите за евакуација, а лицата кои беа обучени за укажување на прва помош ги покажаа своите стекнати вештини и знаење и помогнаа во згрижување на повредените и евакуација на сите вработени.

Црвениот крст на Р Македонија и понатаму ќе продолжи со соработката со компанијата Македонски Телеком особено во делот на подготвеност и дејствување при катастрофи и првата помош.

< врати се назад