СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА ЕВАКУАЦИЈА “АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Во организација на Дирекцијата за заштита и спасување на 22-23 јуни 2018 година, се одржа работилница на тема Евакуација на пациенти, повредени, персонал и посетители на болница, со сцеанрио земјотрес.
На работилницата учествуваа преставници од цивилните заштити на Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Романија, Бугарија и Турција, претставници на Црвениот крст на Република Македонија и Територијалната противпожарна бригада на град Скопје.
Цел на работилницата беше проверка на процедурите за евакуација на болницата “Аџибадем Систина“, како и увежбување на тимовите за одговор во случај на катастрофи за евакуација на лица, транспорт на лица преку река, прва помош, сместување на пациенти /повредени во тријажен центар. Црвен крст на Република Македонија на вежбата учествуваше со тим од шест лица.
По завршувањето на вежбата се одржа брифинг на кој учесниците и гостите имаа прилика да разменат искуства и експертиза за одржаната симулациска вежба.
Преставникот на Црвен крст Али Самет ја истакна добрата коoрдинација на тимовите, како и добрата организација на болницата “Аџибадем Систина“ што ја вбројува во една од науспешните институции во однос на импментација на плановите за евакуација во случај на катастрофи од Законот за заштита и спасување.