Симулациска вежба – “Сеопфатен одговор Водно 2018“
Во периодот од 17-21 септември 2018 година во Домот на АРМ во Скопје, согласно програмата цивилна воена соработка помеѓу Министерство за одбрана и Инженерскиот корпус на Армијата на САД се одржа симулациска вежба –“Сеопфатен одговор Водно 2018, во која земаа учество институциите кои се дел од системот за управување со кризи и заштита и спасување.
На Симулациската вежба присуствуваше генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЦУК Агрон Буџаку, заменик директор за одбрана Беким Максути, командантот на Националната гарда на Вермонт генерал Стивен Креј, , директорот на Генерал штабот на АРМ генерал мајор Зоран Милески и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.
Црвен крст на Република Македонија како дел од системот за управување со кризи и заштита и спасување, учествуваше со свои претставници во работната група на Главниот штаб – координатор за катастрофи Али Самет, Дарко Алексовски и Арѓент Чилафи. Како поддршка во случај на потреба за медицинска помош беше ангажиран тим од два парамедици на Црвен крст д-р Филип Паскали и Оливер Петревски со амбулантно возило.
Целта на вежбата беше да се потврдат можностите и способностите на Главниот штаб за управување со кризи за координација и комуникација на Република Македонија при одговор во случај на кризна состојба, со примена на стандардните оперативни процедури во меѓу институцијалната комуникација за време на реакција за справување со кризи – поплава од голем размер.