Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Симулациска вежба за евакуација на училиште

2013-12-03

Симулациска вежба за евакуација на училиште

zupa2Во рамките на проектот Активности за намалување на ризици од катастрофи, кој е финансиски поддржан од Турската полумесечина се одржа симулациска вежба за евакуација на училиште. Реализацијата на вежбата е резултат на претходно имплементираните проектни  активности во дебарскиот регион, и претставуваше можност за практично имплементирање на стекнатото знаење на професорите и учениците и истата се реализираше во СОУ Мустафа Ќемал Ататурк во Центар Жупа, на 29.11.2013 година.

Покрај Црвениот крст на Република Македонија, односно општинската организација на Црвениот крст Дебар, учество на вежбата земаа и регионалните центри на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи како и локалната самоуправа на Центар Жупа.

Пред одржувањето на симулациската вежба се одржа уште еден координативен состанок, со цел повторно разгледување на плановите за евакуација и конкретните постапки кои треба да се превземат.

Симулациската вежба во која се симулираше земјотрес, се одвиваше според сценариото и истата беше спроведена со висока оцена на координираност и навременост.

Учениците и наставниците успешно се евакуираа до одреденото место предвидено во планот (училишно игралиште), каде што професорите ја потврдија точната бројка на ученици.

По успешно извршената евакуација, претставниците од Црвениот крст на Република Македонија дискутираа не само со училишниот персонал, туку и со учениците за значењето на вежбата. Дискусијата резултираше со потврда од директорот за одржување на вакви вежби,  еднаш до два пати годишно со цел подготвеноста за евакуација да биде на високо ниво.

zupa2

Со имплементирањето на проектот Активности за намалување на ризици од катастрофи, Црвениот крст на Република Македонија, преку општинската организација на Црвен крст Дебар значително придонесе кон зајакнување на локалните капацитети за намалување на ризици од катастрофи.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025