Симулациски вежби за евакуациja на основни училишта во Гевгелија
Црвен крст на Република Македонија, во рамките на Програмата за подготвеност и дејствување при катастрофи, со финансиска поддршка на УНИЦЕФ, во ноември 2017 година, започна со реализација на проект чија цел е подготовка на образовниот кадар за дејствување во услови на природни катастрофи со цел намалување на ризиците со кои што може да се соочат градинките и основните училишта во Гевгелија, Куманово и Скопје”.
Во рамките на завршната фаза на проектот, во подготовка се и во фаза на реализација симулациски вежби за евакуација на персонал и деца во градинки и основни училишта преку кои ќе го провериме стекнатото знаење за време на спроведените обуки за заштита и самозаштита, а воедно и практично ќе ја провериме паничната сигнализација и нејзиното користење и функционирање.
На територија на Гевгелија, се одржаа следните симулациски вежби: ОУ Крсте Петков Мисирков и ОУ Владо Кантарџиев.
За време на симулациските вежби, персоналот на основните училишта во координација со инструкторските тимови на Црвен крст на Република Македонија и тимовите за прва помош на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Гевгелија ја спроведоа процедурата за заштита и самозаштита во случај на катастрофа, евакуација како и укажување на прва помош заедно со учениците и одговорните наставници.