Собрани 2.467.000 ден од телефонските броеви
На 28.11.2019 во 11:00 часот во Four, Parkland Hospitality Group со поддршка на Црвен крст на Република Северна Македонија, Туна Сејди и дел од музичката естрада одржа прес конференција за заедничка иницијатива за донации за помош и поддршка на настраданите од земјотресот во Албанија.
На самиот прес се обрати генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити, познатиот бизнисмен г-дин Енвер Малиќи, познатата пејачка Туна Сејди и други естрадни уметници.
На прес конференцијата беа објавине донациите преку телефонските броеви 143 400 кои се собраа до денес до 09:00 часот каде сумата изнесува 2.467.000 денари.
Иста така на самиот прес се повикаa сите граѓани и компании во државата да донираат донации но пред се во парични средства бидејќи е битен процесот на рехабилитација на настраданите во земјотресите во Албанија а тоа најдобро ќе се направи со парична помош.
Својата хуманост во парични средства ја покажаа и дел од музичката естрада и присутни на настанот.