Собрани 30.378.353 денари за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија
Заклучно со 16.02.2023 година преку телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 30.378.353 денари.
Црвениот крст на РСМ во Апелот на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина од сопствени средства уплати 3.000 евра како првична помош за настраданото население во Турција и Сирија, како и 20.000 евра на сметката на Турската Црвена полумесечина.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, зимски церади, вреќи за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна и средства за хигиена ( според минималните стандардите за хуманитарна помош).
Задолжително сите донирани артикли да бидат нови. Приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња.