Собрани 5.154.730 денари или 83.749 евра
Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжува да ги следи и реализира активностите за настраданите од земјотресот кој ја погоди Албанија.
Црвениот крст со подршка на граѓаните, и компаниите Имморекс Македонија ДОО, Гемак Трејд, Паркланд, Комерцијална Банка АД Скопје, Здружение на Пензионери Лабу47, Црвен крст на град Скопје и Општински организации на Црвен крст како и дел од музичката естрада преку жиро сметката на фондот за солидарност и телефонските броеви за донации до денес 02.12.2019 година собра финансиски средства во вредност 5.154.730 денари или 83.749 евра.
Воедно потсетуваме дека на располагање се телефонските броеви за донации за корисниците на Македонски Телеком 143 400 и за корисниците на А1 Македонија 143 400 каде може со еден повик од било кој оператор да донирате 100 денари.
Заинтересирани лица и компании може да донираат и преку жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966.
За граѓани од други земји може да донираат преку:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228