Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Собрани средства за настраданото население во Атина, Грција

2018-07-30

Собрани средства за настраданото население во Атина, Грција

Пожарите кои го зафатија подрачјето на градот Атина во Грција, предизвикаа големи материјални штети кои го погодија населението, но и за жал човечки загуби. 
Црвениот крст на Република Македонија континуирано ја следи состојбата и согласно добиените насоки од страна на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соодветно дејствува.

Црвениот крст на Република Македонија веднаш се вклучи во акцијата за помош на настраданото население.

До 30.07.2018 година донирани средства за помош за настраданото население од пожарите во Атина, Грција се:

Донации на мобилните телефони 070/075/077 143 400

Средства во денари

Т – мобиле

94.000

ВИП

58.800

Вкупно средства од телефоните

152.800

 

Донации на сметката на Фондот на солидарност на Црвен крст на РМ

 

Вкупно средства од правни субјекти и граѓани

3.082.250

 

 

ВКУПНО донирани средства

 

3.235.050

Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на:

 

  • Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: Помош за настраданото население во Атина.
  • Како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400
  • Донација на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025