мај 18, 2014

Соопштение за хуманитарната акција наменета за настраданите од поплавите во Србија и БиХ

Почитувани ,

Црвениот крст на РМ по превземените активности во текот на изминатиот ден Ве информира за следново:

1.На телефонските линии за донација на Црвениот крст и трите мобилни оператори 075/070/077 143 400 , Ве информираме дека од отварањето на линиите за неполни девет часа се собрани 1 420 700 денари.

2.Собирниот пункт во Момин поток е отворен од 8.00 до 18.00 часот , контакт телефон 3096227.Исто така надвор од Скопје , за донации се отворени и локалните канцеларии на Црвениот крст.

3.Поради големата вклученост од страна на граѓаните и компаниите Црвениот крст од утре ќе отвори и дополнителен пункт во Даре Џамбаз , од 8.30 – 17.00 часот.

4.Поради зголемениот број на интерес за финансиска донација , ве замолуваме да ја објавите и сметката за донации: Фонд на солидарност 300000001327966                     ДБ 4030984271620     Комерцијална банка.

5.Дежурни телефони за информации : 3139 578 Црвен крст на град Скопје секој ден од 8.00 до 20.00 часот и 3114355 Црвен крст на РМ секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.

За текот и резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.

 

Црвен крст на РМ

< врати се назад