Соопштение за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина
Почитувани
Црвениот крст на РМ денес (19.05.2014) во 12 часот од магацинот во Момин поток ќе го испрати првиот конвој на хуманитарна помош од 4 шлепери (80 тони хуманитарна помош ) за настраданото население од поплавите во Србија.Крајна дестинација на помошта ќе биде Белград.Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Србија и со учество на амбасадата на Република Србија во РМ.
На 20 .05.2014 (вторник) во 11 часот од магацинот во Момин поток ќе биде испратена првичната помош за настраданото население во Босна и Херцеговина.
Горе наведената помош е дел од помошта обезбедена од индивидуални донации на граѓаните на РМ , донации од фирми и компании и залихите на Црвениот крст на РМ.Логистичка поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на РМ.Во текот на вчерашниот ден беа собрани околу: 50 тони храна , 25 тони хигиена ,2000 ќебиња, 5 тони млеко , 80 000 литри вода ,2 тона бебешка храна , 2000 пара обувки , 20 тона употребувана облека , други намирници и останата материјална помош.Паричните средства собрани на телефоните за донации на Црвениот крст заклучно со вчерашниот ден изнесуваат 3 700 000, 00 денари.
Црвениот крст на РМ упатува апел до сите заинтересирани кои и понатаму сакаат да помогнат тоа да го сторат преку:
- Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
- Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400
- Материјална помош во овој момент исклучиво секаков вид на конзервирана и сува храна ( тестенини од индустриско потекло), вода за пиење и средства за хигиена.
- Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227 од 8.00 до 18.00 како и Домот на хуманитарните организации Даре Џамбаз од 8.00 до 17.00 .На локално ниво помошта може да се донира и во општинските организации на ЦК надвор од Скопје.