Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Соопштение за помош на настраданото население од поплавените подрачја во  Србија и  Босна и Херцеговина

2014-05-19

Соопштение за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина

Почитувани
Црвениот крст на РМ денес (19.05.2014) во 12 часот од магацинот во Момин поток ќе го испрати првиот конвој на хуманитарна помош од 4 шлепери (80 тони хуманитарна помош ) за настраданото население од поплавите во Србија.Крајна дестинација на помошта  ќе биде Белград.Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Србија и со учество на амбасадата на Република Србија во РМ.
На 20 .05.2014 (вторник) во 11 часот од магацинот во Момин поток ќе биде испратена првичната помош за настраданото население во Босна и Херцеговина.
Горе наведената помош е дел од помошта обезбедена од индивидуални донации на граѓаните на РМ , донации од фирми и компании и залихите на Црвениот крст на РМ.Логистичка  поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на РМ.Во текот на вчерашниот ден беа собрани околу: 50 тони храна , 25 тони хигиена ,2000 ќебиња, 5 тони млеко , 80 000 литри вода ,2 тона бебешка храна , 2000 пара обувки , 20 тона  употребувана облека , други намирници и останата материјална помош.Паричните средства собрани на телефоните за донации на Црвениот крст заклучно со вчерашниот ден изнесуваат 3 700 000, 00 денари.
Црвениот крст на РМ  упатува апел до сите заинтересирани кои и понатаму сакаат да помогнат тоа да го сторат преку:

  1. Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
  2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400
  3. Материјална помош во овој момент исклучиво  секаков вид на конзервирана и сува храна ( тестенини од индустриско потекло), вода за пиење и средства за хигиена.
  4. Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ  во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227 од 8.00 до 18.00 како и Домот на хуманитарните организации Даре Џамбаз од 8.00 до 17.00 .На локално ниво помошта може да се донира и во   општинските организации на ЦК надвор од Скопје.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025