мај 18, 2014

Соопштение за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина

Црвениот крст на РМ веднаш по појавата на природната катастрофа која ги зафати подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина ,направи контакти со двете Национални друштва на Црвениот крст , и согласно материјално човечките ресурси понуди помош во екипи и опрема за спасување ( гумени чамци, спасители,тим за проценка за хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода ) Согласна нивната проценка во моментот има потреба од следнава помош: храна ,средства за хигиена, нова облека и обувки , кебиња,бебешка храна, вода за пиење. За таа цел Црвениот крст на РМ ги превзема следниве активности за обезбедување на помош :

  1. Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
  2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400
  3. Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227. На локално ниво помошта може да се донира и во   општинските организации на ЦК надвор од Скопје.

Црвениот крст на РМ , во соработка со Амбасадите на Србија и Босна и Херцеговина во РМ ги повикуваат компаниите и хуманите граѓани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население .Хуманитарната акција започнува од 17.05.2014 – 31.05.2014 година.За текот и резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.   Црвен крст на РМ

< врати се назад