август 29, 2016

Соопштение за помош на настраданото население од поплавите-22 август

Црвениот крст на РМ продолжува со поддршката на жителите погодени од природни катастофи. До сега се дистрибуирани 30.049 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 2.792 конзервирана храна, 28.791 лит. млеко, 15.422 лит. јогурт, 6.204 пакети со хигиена, 1.098 бебешки пакети, 295 тони вода, 746 пакети пелени, 568 душеци, 4.400 кебиња, 600 кг облека, 734 парчиња чизми, 341 лит дезинтал, градежни колички 98, лопати 126, 1036 маски… Укажани се  177 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.

Поради постоење на понатамошен интерес за донирање во парични средства, како и за реализација на веќе најавени и потврдени донации од правни субјекти, акцијата ќе се продолжи за 7 дена и истата ќе трае заклучно со 29.08.2016 година. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.

14087585_323906427946255_1431465654_o

Заинтересираните правни субјекти и граѓани и понатака можат да се вклучат со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 32.372.244 денари на сметката на Фондот на солидарност

До сега се собрани 13.186.000 денари со повик на телефоните

Донација на средства во странска валута:

Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSS
Bank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban Code: MK07300701000001228

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефективно справување со последиците од природната катастрофа. Од утре, 23.08.2016 година помошта во материјални добра може да се предаде во магацините на Црвен крст на РМ во Момин Поток – Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

< врати се назад