Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Соработка помеѓу Црвениот крст на РМ и Дирекцијата за заштита и спасување

2018-02-15

Соработка помеѓу Црвениот крст на РМ и Дирекцијата за заштита и спасување

Денес, на 15.02.2018 година, генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, г-дин Саит Саити, оствари средба со Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Аднан Џафероски во просториите на Црвениот крст на РМ.

На средбата се дискутираше за досегашната успешна соработка на Црвениот крст на РМ и Дирекцијата за заштита и спасување, како и можностите и активностите кои треба да се превземат за уште поуспешна идна соработка помеѓу двете институции. Имено, Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, г-дин Саит Саити ја истакна потребата од успешна координација со Дирекцијата за заштита и спасување, како и нивна целосна поддршка во случај на катастрофи и елементарни непогоди, а со цел ублажување и намалување на страдањата на луѓето кои се погодени во тие катастрофи и непогоди преку помагање во оној дел за кој Црвениот крст на РМ е спремен да помогне.

На средбата беше констатирано дека треба да се формираат работни групи од двете институции кои заедно ќе соработуваат и дејствуваат и на тој начин ќе ги трасираат патиштата за успешна идна соработка помеѓу Црвениот крст на РМ и Дирекцијата за заштита и спасување. 

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025