февруари 29, 2016

СОСТАНОК НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА МЕЃУНАРОДНО ХУМАНИТАРНО ПРАВО

На 29.02.2016 година во Црвен крст на Република Македонија -седиште на Националниот комитет за Меѓународно хуманитарно право се одржа дванаесетиот состанок на ова меѓувладино тело.

На состанокот присутните членови и претставници информираа за активностите кои се преземени во делот на имлементација на Меѓународното хуманитарно право во соодветни министерства.

Во Информацијата од одржаната тркалезна маса на Црвениот крст на Република Македонија на тема:″Развој на националното друштво и неговата улога во општеството и меѓународното движење, која се одржа во месец ноември 2015 година, посебен акцент беше ставен на темата ″Меѓународното хуманитарно право и негова ефективна имплементација и хармонизација во националното законодавство″ која ја обработија авторите во своите резимеа.

Претседавачот на Националниот комитет Миле Гиновски, претставник од Министерството за образование и наука, кој претседава со ова тело согласно Деловникот за работа, ги покани присутните да дадат свои предлози и иницијативи за понатамошна работа како и меѓусебно запознавање за преземените активности заради непосредна координираност и информираност.

< врати се назад