Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Состанок со Службите за барање на национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина на тема *Странски борци и нивните семејства

2019-03-05

Состанок со Службите за барање на национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина на тема *Странски борци и нивните семејства

Службата за барање на Црвениот крст на РМ веќе една година наназад работи со случаи кои се врска со новата целна група на корисници на услуги на оваа служба, која во мрежата за воспоставување на семејни врски е позната како *Странски борци и нивните семејства*. Имено се работи за лица, македонски државјани кои за време на војната во Сирија се вклучиле како борци во паравоени формации во Сирија и контактот со нивните семејства. Бидејќи се работи за исклучително сериозна и нова активност, Канцеларијата на Меѓународниот Комитет на Црвен крст со седиште во Париз, на 28 февруари и 01 март, организираше состанок на кој беа поканети европски национални друштва кои до сега работеле на вакви случаи, како: Црвен крст на РМ, Србија, Белгија, Велика Британија, Данска, Финска, Франција, Германија, Италија, Косово, Холандија, Португалија, Шпанија, Шведска и Турција.
Состанокот имаше за цел размена на искуства во делот на предизвиците за воспоставување на дијалог со властите, заради нивно информирање за активностите кои ги превземаме како национални друштва на овој план и начинот на воспоставување на контактите со семејствата на лицата кои се наоѓаат во логори и затвори во Сирија.
Информациите кои беа споделени од страна на претставниците на Меѓународниот Комитет на Црвен крст во Дамаск, Сирија, говорат за големата потреба од вклучување на мрежата за вопоставување на семејни врски во активностите кои би значеле повторно воспоставување на семејните врски на лицата кои сеуште се наоѓаат во Сирија со нивните семејства во матичните држави. Статистиките говорат за 5670 посети на МКЦК во затвори и логори во Сирија, од каде произлегува податокот дека најголем дел од нив се жени и деца (повеќе од 3000 деца под 18 годишна возраст, особено деца под 10 години).
Во својата презентација претставникот на Црвен крст на РМ ги сподели искуствата на овој план со присутните на состанокот, нагласувајќи дека Црвениот крст на РМ, согласно инструкциите добиени од страна на МКЦК, веќе го направи контактот со властите притоа информирајќи ги за хуманитарниот аспект на овие случаи и досега непречено ги реализира активностите на воспоставување на семејни врски.
Се очекува активностите поврзани со целната група *Странски борци и нивните семејства* да продолжат и во иднина со оглед на состојбите во Сирија. Останува Службата за барање на Црвениот крст на РМ и понатаму да биде вклучена во реализацијата на својата хумана мисија на овој план.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025