Состанокот на Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина членки на Европската мрежа за прва помош
Во организација на Црвениот крст на Франција во периодот од 09-11-ти октомври 2014 година се одржа состанок на членките на мрежата за прва помош од 38 Национални друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Европа, како и претставници од Американскиот Црвен крст.
Главната цел на состанокот беше зајакнување на програмите за прва помош преку мрежното поврзување и соработка на Националните друштва. Ова подразбира учење на вештини кои ќе помогнат за подобра меѓусебна комуникација, договор за подобро користење на мрежата и мрежното поврзување кои ќе ја зацврстат соработката помеѓу Националните друштва во делот на прва помош.
Бидејќи сите членки имаат заедничка цел, а тоа е да што поголем број на население се стекне со знаење и вештини за укажување на прва помош, состанокот беше од исклучително значење за зајакнување на мрежата и идентификација на начините за подобра соработка.
Црвениот крст на Р.М како членка на оваа мрежа активно учествуваше на состанокот со свој претставник кој имаше можност да ги пренесе искуствата од процесот за стекнување со Европски сертификат за прва помош за кандидати за возачи и преку својот пример да им помогне на останатите национални друштва да се здобијат со овој сертификат.