октомври 10, 2022

Советување за доброволно крводарителство во Врњачка Бања – Србија

Во организација на Црвениот крст на Нови Сад – Србија во периодот од 07-09 октомври 2022 година во Врњачка Бања – Р. Србија се одржа советување за доброволно крводарителство. На советувањето учествуваше и претставник од Црвен крст на Република Северна Македонија.

На советувањето за доброволно крводарителство беа застапени следните теми : активности за промоција и омасовување на доброволното крводарителство, активности поврзани со доброволно крводарителство, ако е до мене и медиумска промоција и презентација на доброволното крводарителство.

Учесниците имаа можност за размена на искуства, јакнење на сопствените капацитети, стекнување на нови пријателства и продолжување на соработката во дејноста крводарителство со ГО на Црвен крст Нови Сад,Црвн крст Зрењанин и Црвен крст Крушевац.    

< врати се назад