Спас на планетата Земја
Црвениот крст на Република Македонија во изминатите години активно превзема активности за намалување на последиците од климатските промени. Воедно, националното друштво е дел од Форумот на Југоисточна Европа за адаптација кон климатските промени (http://www.seeclimateforum.org ) заедно со Црвениот крст на Хрватска, Црна Гора и Центарот за унапредување на животната средина од Србија, додека како една од партнерските организации се јавува и WWF (Светскиот фонд за природа), регионална канцеларија во Белград.
Во рамките на глобалните иницијативи за зачувување на планетата Земја, Црвениот крст на Република Македонија преку своите 34 општински организации на Црвен крст и Црвениот крст на град Скопје, во соработка со Earthhour Македонија, активно ќе се вклучи во обележувањето на 29 март – Ден на планета Земја.
Активноста во светски рамки се состои во тоа што, на одредени локации, претежно јавни простори (споменици, згради, мостови, паркови и сл.) се исклучуваат светлата во рок од еден час и тоа од 20:30 – 21:30 часот. Оваа активност е најавена да се реализира во повеќе од 150 држави.
Волонтерите од клубовите на млади ќе организираат активности со кои ќе се вклучат во оваа иницијатива, во наведениот час во соработка со локалните самоуправи каде ќе се исклучи осветлувањето а волонтерите на клубот на млади ќе стојат со запалени свеќи.
Согласно кампањата оваа година волонтерите на Црвениот крст на Република Македонија од страна на организаторот се прогласени за супер херои за планетата Земја во акцијата Часот на планетата земја.