Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИ ИГРИ НА КРВОДАРИТЕЛИ 2018 ГОДИНА

2018-05-07

СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИ ИГРИ НА КРВОДАРИТЕЛИ 2018 ГОДИНА

Во организација на Клубот на крводарители на Црвен крст на град Скопје во периодот од 04-06 мај 2018 година во хотелот на МВР во Крани – Преспа се одржаа традиционалните 10-ти по ред Спортско-рекреативни игри на крводарители.

На спортско-рекреативните игри учество земаа седум екипи со преку 130 натпреварувачи и тоа : Клуб на крводарители на Црвен крст на град Скопје, АД ОКТА Рафинерија, АД Макпетрол, АД Комерцијална банка, ЈСП – Скопје, Баргала – Штип и АРМ. Екипите се натреваруваа во следните дисциплини за мажи и жени : трчање на 50 метри, трчање во вреќа на 25 метри, скок во далечина од место, фрлање ѓуле, пинг понг, пикадо, шах, шутирање на кош тројки и екипно во влечење на јаже.

На првото место во екипна конкуренција со освоени 39 бодови се пласира екипата на ЈСП – Скопје, второто место со освоени 33 бодови го поделија екипите на АД Макпетрол и Баргала – Штип, а потоа следеа екипите на АД Комерцијална банка со 23 бодови, АРМ со 12 бодови, АД ОКТА Рафинерија со 9 бодови и Клубот на крводарители на Црвен крст на град Скопје со 4 бодови. На победничката екипа на натпреварите им беше доделен пехар,а за сите дисцилини за освоено I, II и III место беа доделени благодарници.

Спортско-рекреативните игри поминаа во исклучително позитивна спортска атмосфера, со добро подготвени екипи и поединци натпреварувачи, со меѓусебно  дружење и одлична забава.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025