Спроведен курс за предавачи и демонстратори по прва помош за кандидати за возачи
Црвениот крст на Република Северна Македонија 20-21.03.2021 година ја одржa втората курсна настава за 2021 година за демонстратори и предавачи за курсевите по прва помош за возачи на моторни возила.
Обуката се спроведе во просториите на Црвениот крст на РСМ, во строго контролирани услови согласно протоколот за спроведување на обуки и курсеви пропишан од Владата на РСМ. Сите присутни беа обезбедени со заштитни маски и средства за дезинфекција на рацете и пред почетокот на обуката беше измерена телесната температура на присутните и задолжително потполнување на епидемиолошки анкетен формулар.
На обуката присуствуваа вкупно 16 кандидати од 7 општински организации на Црвен крст (ООЦК Ресен, ООЦК Куманово, OOЦК Берово, ООЦК Кичево, ООЦК Тетово, ООЦК Гостивар и ООЦК Битола) и Црвен крст на град Скопје од кои 12 кандидати за предавачи и 4 кандидати за демонстратори.
Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да создаде нови кадри на квалитетни предавачи и демонстратори кои на правилен и соодветен начин ќе го пренесат своето знаење од областа на прва помош на кандидатите за возачи на моторни возила.